„Рамазан заврши и никој повеќе не е безбеден“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кабиб Нурмагомедов веќе е подготвен да се бори.

Иако постеше цел месец од Рамазан, Кабиб напорно тренираше и може сега да се бори.

Орелот најави дека порано ќе биде подготвен за борбата во јули во која треба да се бори против Џастин Гаети.

“Можам да се борам било кога. Рамазан завршува на 23. мај, а јас веќе сум подготвен за јули. Престанете да зборувате за мене затоа што ова е време на коронавирусот. Кога ќе дојде моето време, ќе ги победам сите”, објави неодамна Кабиб.

Сите треба да се подготват за враќање на шампионот, го потврди неговиот менаџер Али Абделазиз.

„Рамазан заврши и никој повеќе не е сигурен“ …

Кабиб ќе мора да оди во октагонот против Гаети, кој неодамна го победи Тони Фергусон во борбата за привремен појас, а ќе видиме кога ќе се организира нивната пресметка.