Рамзи со истите проблеми како и во Англија: Нова повреда на Велшанецот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арон Рамзи изминатото лето како слободен играч премина од Арсенал во Јувентус.

Рамзи од поодамна е познат како склон кон повреди. Во Арсенал често пати беше надвор од терените, а тој „тренд“ го продолжи и во Италија.

Велшанецот во досегашниот дел од сезоната паузираше два пати поради повреда и пропушти вкупно пет натпревари, сега го очекува и трета пауза.

Имено, искусниот фудбалер на денешниот тренигн го повреди мускулот на левата нога и поради тоа ќе го пропушти саботниот натпревар против Лацио.

Засега не е познато колку Рамзи ќе паузира, но тешко дека ќе биде спремен за натпреварот против Баер во Лигата на шампионите. Јувентус во најелитното европско натпреварување го обезбеди првото место во групата, па Сари сигурно не би ризикувал и доколку се опорави.

За Јувентус Рамзи одигра 11 натпревари и постигна еден гол.