Раниери за “летечкиот” Роналдо: Беше во воздух скоро час и пол


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус синоќа во рамки на 17. коло на италијанската Серија А на гостувањето кај Сампдорија славаше со 2:1.

Со триумфот Бјанконерите повторно се на чело на табелата, но на крај повеќе се зборува за победничкиот гол кој го постигна, никој друг туку, Кристијано Роналдо.

Роналдо на нафрлена топка од левата страна така скокна да изгледа како да лета. Одбранбените играчи на Сампдорија покрај него изгледаа како деца, само можеа да стојат и да уживаат во неговата магија.

Голот го воодушеви и тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери.

“Кога некој ќе постигне таков гол, треба само да гледате и да уживате. Роналдо погоди во стил на НБА играч, кој беше во воздух скоро час и пол. Што друго да кажам? Само ќе се поклонам на ова мајсторија”, изјави Раниери.

Италијанците измериле дека Роналдо скокнал 71 сантиметар од земјата, а во моментот на ударот со глава бил на висина од 2,56 метри.