Рашфорд чека понуда – три екипи се борат за неговиот потпис!


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Маркус Рашфорд, кој некогаш беше сметан за еден од најдобрите играчи на Манчестер Јунајтед, долго време не е на нивото што навивачите и управата го очекуваат од него.

Сегашната состојба на Рашфорд е загрижувачка, не само поради неговите перформанси на теренот, туку и поради неговото однесување надвор од играта. Се појавуваат гласини дека води нездрав начин на живот, вклучувајќи бурни ноќни излегувања, што дополнително го зголемува незадоволството кај управата и тренерот на тимот, Рубен Аморим.

Поради падот на формата и високите очекувања што не се исполнети, се повеќе се зборува дека Рашфорд би можел да ја продолжи својата кариера на Блискиот Исток. Три клуба од Саудиска Арабија се заинтересирани за неговиот ангажман:

Ал-Ахли – каде што веќе игра Роберто Фирмино.

Ал-Кадисија – амбициозен клуб кој е во потрага по ѕвезди.

Ал-Итихад – еден од водечките тимови во Саудиската лига.