Рашфорд одбива да се врати во Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд нема намера да се врати во Манчестер Јунајтед по истекот на неговата позајмица во Барселона, пренесуваат британските медиуми.

Според информациите на весникот „Мирор“, напаѓачот е подготвен дури и да прифати намалување на платата со цел да остане во Шпанија и да продолжи со настапите за каталонскиот гигант.

Рашфорд наводно е задоволен од престојот во Барселона и смета дека стилот на игра и амбиентот во клубот повеќе му одговараат во овој дел од кариерата. Од друга страна, неговата иднина на „Олд Трафорд“ е неизвесна, особено по честите промени во тимот и нестабилната форма на Јунајтед во последните сезони.

Засега нема официјална потврда од ниту еден од клубовите, но доколку оваа информација се покаже како точна, Манчестер Јунајтед би можел да биде принуден да бара трајно решение за трансферот на својот офанзивец.