Разговор со Флојд чини дури 1.500 американски долари


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Познатиот американски боксер Флојд Мејведер е познат како одличен бизнисмен.

Непоразениот шампион честопати покажува колку е богат и е расфрлен со огромни суми пари, а во текот на својата богата кариера тој оствари повеќе од една милијарда долари.

Неговото богатство се проценува на околу 600 милиони, но тоа не го спречува да заработи дополнителни пари на штета на обичните луѓе кои сакаат да разговараат со него.
Тој се приклучи на мрежата што им овозможува на обожавателите да разговараат со своите омилени sвезди,а разговор со него чини 1.500 долари.

Многу познати личности наплаќаат за овие услуги. Легендарниот Мајк Тајсон е еден од најбараните и неговите услуги чинат 300 долари.