Разочарување за Арсенал и Челзи пред финалето во Баку


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал и Челзи добија по 6.000 влезници за финалето во Европската Лига на стадионот во Баку (Азербејџан).

Арсенал ја елиминираше Валенсија во полуфиналето со две победи, додека Челзи после два нерешени натпревари на пенали ги елиминираше Ајнтрахт Франкфурт.

Финалето се игра на 29 мај во Баку, но и двата тима беа непријатно изненадени откако дознаа дека секој тим ќе добие по 6.000 влезници без разлика на тоа што стадионот може да смести до 68.700 посетители.

„Ќе има повеќе илјади наши навивачи кои го подржуваат клубот веќе со години и кои се дел од нашето патување низ Европската лига оваа сезона, но тие нема да можат да присуствуваат на финалето“, соопшти Арсенал откога се дозна за бројот на влезници со кој ќе располага секој клуб поединечно.

Клубот наведе дека цената на влезниците ќе се движи од 26 до 121 фунти. Повеќето влезници ќе бидат по цена од 43 фунти.

На Ливерпул и Тотенхем им се доделени по 16.613 влезници за финалето во Лигата на Шампионите на стадионот Ванда Метрополиано кој има капацитет од 68.000 седишта.