Разочарување за Маркус Рашфорд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличниот млад фудбалер на Манчестер Јунајтед Маркус Рашфорд се најде во немилост на новиот тренер на оваа екипа Жозе Мурињо.

Иако во минатата сезона често добиваше шанса да игра во првиот состав кај тогашниот тренер Луј Ван Гал, Мурињо многу ретко му дава шанса за игра, а токму поради тоа Рашфорд нема да добие повик во репрезентацијата на Англија од страна на новиот селектор Сем Алардејс.

„Голем проблем е што Рашфорд не игра речиси никогаш. Тоа ми отежнува да го повикам во репрезентацијата“, рече Алардајс.

Да потсетиме Рашфорд во минатата сезона просто експлоадира во дресот на Манчестер Јунајтед и тоа после што на крајот на февруари тогашниот тренер на Црвените ѓаволи Луј Ван Гал му укажуваше шанса да игра.

Поранешниот селектор на Англија Рој Хоџсон го повика на Евро после што постигна осум голови во минатата сезона и му укажа доверба и на два натпревари на Европското првенство.