Реал, Атлетико и Манчестер Јунајтед се во трка за потпис на младиот талент на Ваљадолид?


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед се само некои од европските клубови заинтересирани за дефанзивецот на Реал Ваљадолид, Мохамед Салису.

Така тврди шпанскиот АС, а Атлетико Мадрид, наводно, веќе остварил контакт со младиот стопер на Гана.

Исто така, Манчестер јунајтед долго време ги следи натпреварите на 20-годишниот фудбалер на Ваљадолид.

Во јануари, Скај спортс напиша дека Саутемптон е заинтересиран за Салису, но информациите за интересот на Манчестер Јунајтед се појавија порано во шпанските медиуми.

Она што може да пресуди за потенцијален трансфер на Салису е фактот дека неговиот менаџер е татко на играчот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата.

Цената на 20-годишниот стопер е примамлива и за Јунајтед, со оглед дека тој има откупна клаузула од 12 милиони евра според договорот со Ваљадолид.

Сепак, Јунајтед би можел да има многу посилна конкуренција од Саутемптон во евентуалната трка за Салису, со оглед на тоа што на шпанските медиуми пишуваа за интересите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Ваљадолид, наводно, е загрижен токму за откупната клаузула на Салису, која не одговара на фудбалските вештини и таленти на овој млад фудбалер, и се плаши дека наскоро ќе остане без неговите услуги.

Треба да се напомене дека Салису е особено почитуван меѓу скаутите на англиските клубови бидејќи неговите квалитети се сметаат дека се наменети за островскиот фудбал.

Така неговите партии, покрај споменатите Манчестер Јунајтед и Саутемптон, го следат и Евертон, Њукасл, Норвич …