Реал го почна флертувањето со Челси – Првата понуда од 60 милиони одбиена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мадридскиот гигант сака да извлече многу повеќе пари.

Почна! Преговарачката сесија помеѓу Реал Мадрид и Челси за потписот на Алваро Мората почна во петокот, а првата понуда на сините за шпанскиот напаѓач беше одбиена.

Менаџерот на момчето кое Реал го откупи од Јувентус пред десет дена за сума од 31 милион евра престојуваше во просториите на Флорентино Перез на Сантиаго Бернабе.

На ценетиот голгетер има етикета на која пишува 75 милиони евра и Реал нема намера да се откаже од тоа. Не засега бидејќи има многу до крајот на преодниот рок. Може да се каже дека Реал флертува со Челси и го испитува пулсот на Роман Абрамович со намера да дознае до каде се границите на рускиот милијардер. Мадридскиот гигант овој пат нема да добие опција да го врати Мората за одредена сума на пари. Така Роман не работи и тоа е исклучено во стартот.

Мората се спрема новата сезона да ја почне со тимот на Зинедин Зидан. Но, кариерата ќе ја продолжи во Англија. Освен Челси кој сериозно загриза за Мората, Арсенал и Манчестер Јунајтед се спремни да му ја расипат работата на Конте. Свесни се дека Челси е во голема предност и дека само прашање е на време кога Мората ќе стигне на Стемфорд Бриџ и ќе ја претстави новата деветка.

Тоа значи дека Диего Коста ќе биде вишок во Челси, а тоа многу лесно би можело да го доведе до враќање во Атлетико.