Реал го прати својот голман на позајмица


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мадридски Реал полека го склопува играчкиот кадар за новата сезона кога почнува за неколку дена.

Тренерот Зинедин Зидан одлучи уште еден фудбалер да го прати на позајмица, а очекувано е тоа да биде украинскиот голман Андри Лунин.

Овој 20-годишник не би имал премногу место покрај Кортуа и Навас, па одлучено е да биде пратен на позајмица.

Лунин наредната сезона ќе стои помеѓу стативите на Ваљадолид, кој со овој талентиран чувар на мрежата ќе добие големо засилување.

Лунин минатата сезона исто ја помина на позајмица, а тогаш го носеше дресот на Леганес, каде исто така ја имаше улогата на резерва и настапи само пет пати.

Ваљадолид може да го ангажира исто така и талентираниот Јапонец Такефушу Куба, кој ова лето пристигна во Реал, но тешко ќе се избори за минутажа.