Реал големо засилување доведува од Дортмунд?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германските медиуми јавуваат дека Реал Мадрид покажа интерес за Хулијан Фајгл, 20-годишниот играч на Борусија Дортмунд.

Тој на Вестфален дојде во минатата година за 2.5 милиони евра од Минхен 1860.

Иако во Дортмунд сакаат да го задржат, прашање е дали ќе одбијат да го продадат ако дојде понуда која е 10 пати поголема од износот која издвоија за овој играч.

Имено, се споменува дека понудата од Реал треба да биде околу 25 милиони евра.

Единствено е сигурно – Томас Тухел ќе биде против овој трансфер Фајгл е негов љубимец.

Свесен е Зидан дека нема тип на играч кој може да го ротира со Касемиро на таа позиција па се одлучи да се посегне по засилување.