Реал им нуди размена на Англичаните!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не е неочекувано, но после најновиот развој на ситуацијат, тешко дека овој трансфер ќе се реализира…

Реал го сака Еден Азар. Тоа не е новост, но интересот на клубот од Мадрид се намали после лошата сезона која ја имаше Белгиецот. Меѓутоа неговите настапи на Европското првенство повторно го вратија фокусот на Флорентино Перез, па “Лос Бланкоси” ќе се обидат да го доведат. Имаат “мамка” за

Челси, погодувате, во прашање е Алваро Мората.
Реал според тврдењара на медиумите во Англија сака да плати околу 45 милиони евра и во Лондон да го испрати Мората кој е желба на Антонио Конте.

Но, после откако најверојатно го договорија трансферот на Батшуај потребата за напаѓач е се помала. Навистина, не е позната судбината на Диего Коста, се зборува дека тој и понатаму инсистира на враќање во Атлетико Мадрид.

Во тој случај Мората повторно ќе стане актуелен, но тешко е да се ветува дкеа Конте би се откажал од Азар. Тој наводно разговарал со него и го убедувал да остане, уште пред еден месец.

“Не сакам да си заминам од Челси како губитник. Ќе останам и ќе покажам каков играч сум”– изјави Белгиецот на крајот од сезоната.