Реал Мадрид ќе игра надвор од својот дом до крајот на сезоната


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Следната недела, на 11. јуни, Ла Лига ќе продолжи, а Реал Мадрид ќе се соочи со една голема промена.

Имено, имајќи предвид дека натпреварите ќе се играат пред празни трибини, управата на Реал Мадрид одлучи да не ги игра натпреварите на „Сантијаго Бернабеу“.

Така, Реал Мадрид ќе игра домашни натпревари на теренот за тренинг до крајот на сезоната, Алфредо Ди Стефано, кој е во Валдебебас и има капацитет од 6000 луѓе.

Вториот тим на Реал, Кастиља, игра на тој стадион. Управата на Реал Мадрид се реши на овој потег бидејќи тие ќе го искористат овој период за да го реновираат „Сантијаго Бернабеу“.

Планираното завршување на реновирањето на стадионот беше во 2022. година, но со оглед на моменталната состојба, сето ова може да се случи многу порано.

Кога станува збор за стадионот во Валдебебас, на него се поставува ново осветлување, како и простор за реклами и ВАР технологија, за да може да се играат натпревари таму.