Реал пронајде решение за Бејл: Тој е понуден на клуб од Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот од Мадрид сака да го прати Бејл на позајмица.

Реал Мадрид со сите сили се обидува да се ослободи од Гарет Бејл.

Велшанецот многу лошо ја одигра оваа сезона и се најде на мета на навивачите на Реал, а тренерот Зинедин Зидан со последните потези покажа дека не смета на него во наредната сезона.

Клубот од Сантијаго Бернабеу е спремен на очајнички потег така што им понуди на Тотенхем да им го позајми Бејл за 10 милиони фунти.

Во Тотенхем веќе се дебатира за можната позајмица, но во овој клуб ја отфрлија можноста за траен договор.

Бејл во Реал има огромна плата од 600.000 фунти неделно, но ќе мора да прифати многу помала плата доколку дојде до остварување на договорот.

Реал ќе ја прифати понудата со која Велшанецот ќе заработува 250.000 фунти неделно плус 10 милиони фунти кој Реал би ги добил за едногодишна позајмица.