Ремек дело на Серхио Рамос кои вреди да се гледа утрото по натпреварот: Тој е дефанзивец, но уметник!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Може да го сакате Серхио Рамос или не, но не можете да одземете од него дека тој е еден од најдобрите одбрамбени играчи на сите времиња.

Покрај одличните игри пред неговиот гол, Рамос често нè воодушевува со неговата можност да постигнува голови.

Тој го прави тоа на различни начини – по прекини со глава, од игра, од шеснаесетникот, од слободен удар …

Со еден гол од оваа последна категорија синоќа, тој уште еднаш покажа за каков уметник станува збор.

На натпреварот против Мајорка, тој ја запечати судбината на гостите во второто полувреме со ремек-дело од слободен удар од 20 метри.

Голманот можеше само да гледа, а навивачите аплаудираа покрај малите екрани.