Реномиран англиски таблоид  најави голема трансфер бомба!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според наводите на водечкиот британски таблоид Французинот прифати да се врати во Манчестер Јунајтед.

Можеби „Сан“ не звучи баш доверлив, но овој таблоидни весник имаше поточни проценки за Брегзит пред референдумот отколку на пример Гардијан или Тајмс.

Поради тоа информацијата околу трансферот на Пол Погба не би требало да се окарактеризира ни како новинарска „патка“ ниту да се земе “здраво за готово“.

Според сознанијата кои денеска ги пласираше овој таблоид, а потоа ги пренесоа бројни италијански и британски медиуми, Пол Погба во наредните 48 часови ќе потпише петгодишен договор со Ѓаволите вреден 202 милиони фунти.

Јуве од продажбата на Французинот ќе заработи 105 милиони фунти, а вкупната вредност на трансферот е 120 милиони (процент оди на агентот Мино Раиола), што значи ќе биде соборен светски рекорд.

Гро од тој прилив на пари на Старата дама ќе бидат насочени кон активирање на откупната клаузула од најдобриот стрелец во Серија А од минатата сезона Гонзало Игуаин, која изнесува 94 милиони евра, со што на претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис ќе му бидат врзани рацете.

На Погба наводно се закажани и лекарските прегледи во Манчестер за вторник.

Изгледа дека управата на Манчестер Јунајтед е решена да ја тргне најголемата дамка во кариерата на легендарниот Сер Алекс Фергусон и дека Жозе Мурињо после Златан Ибрахимовиќ, Хенрик Михтаријан и Ерик Бајли ќе добие уште едно големо засилување.