Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Денес Ракометната Федерација на Македонија, согласно донесената одлука на Управниот Одбор, исплати награда од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација по повод нивниот настап на Светското првенство.
„Македонската сениорска репрезентација го заврши учеството во главната фаза на Светското првенство што се одржа во Вараждин, Хрватска, по квалификација од прелиминарната фаза“, пренесоа од РФМ.
Континуитетот на учество на големите натпреварувања за машката сениорска репрезентација на Македонија е задржан, со квалификација за деветиот последователен ракометен Мундијал.