Роџерс не размислува за борба за титула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лестер синоќа запиша сигурна победа на гости против Њукасл.

Победата од 3:0 на гостински терен ја потврди формата во која се наоѓа тимот на Брендон Роџерс. Се наоѓаат десет бодови од водечкиот Ливеруп кој има и натпревар помалку.

Брендон Роџерс истакнува дека Лестер сепак не може да се впушти во трка со лидерот на табелата.

“Овој млад тим е посебен. Младите играчи и понатаму учат, моја грижа не е да го стигнеме Ливерпул.”

Брендон го пофали и вториот погодк на Медисон.

“Врвен талент. Волшебен играч”.

Задоволен е и со играта на вчерашниот меч.

“Игравме добро, а нашиот пресинг ни ги донесе двата гола. Го контролиравме мечот, имавме шанси да постигнеме уште некој гол”.

Најави и дека нема да има многу промени во зимскиот преоден рок.

“Тешко е да се промени нешто во јануари, но клубот секогаш бара играчи кои ќе не направат подобри”.

Во наредното коло Лестер го дочекува Саутемптон.