Рома доведе засилување од Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалер на Тотенхем, Федерико Фазио, својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Рома.

Фазио денеска допатува на лекарски прегледи во Рим после што ќе потпише договор со Волчицата.

Овој аргентински одбранбен играч во Рома стигнува во Рома на едногодишна позајмица што римската екипа ќе ја чини четири милиони евра.

Овој фудбалер во Тотенхем стигна пред две години за осум милиони евра од Севиља.

Сепак, во дресот на Спарси Фазио одигра само 31 лигашки натпревари. Посел што Алдервajрелд стигна во Тотенхем стана јасно дека за Фазио повеќе нема место во овој лондонски клуб.

Доколку челниците на Роам се одлучат да го задржат овој играч на сметката на Тотемхем ќе мораат да уплатат околу 15 милиони евра.