Рома најде замена за Пјаниќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Римската волчица веќе долго време бара играч кој ќе го замени Мирлем Пјаниќ кој ја напушти Рома и ги засили редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Од Италија ни пристигнуваат интересни шпекулации дека актуелниот играч на Фиорентина, Борха Валеро деновиве би требало да ги засили редовите на Рома.

Искусниот 31 годишен фудбалер не доби нов договор во Фиорентина.

Рома одлучи да го искористи тоа и му нуди на Валеро по три милиони евра по сезона, тие веќе наводно се договорени и се чека одговор од Фиренца која има шанса да земе 13 милиони евра од Рома.