Роналдо до крајот на кариерата во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би сакал да играм до 41-та година во најдобриот клуб на светот“, изјави Кристијано Роналдо.

Најдобриот фудбалер на Европа, Кристијано Роналдо изјави дека сака да игра до 41-та година и кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.

„Играм во најдобриот клуб во светот и во него сакам да ја завршам кариерата во 41-та година. Нормално дека со активно играње сакам да се пензионирам во Реал бидејќи е најдобар. Намерата ми е да го продолжам договорот со клубот кој го сакам. Сакам да играм на исто ниво како сега и напорно работам на тоа“, изјави Роналдо.

Португалецот вчера беше избран за најдобар фудбалер на Европа после тоа што со Реал ја освои ЛШ, а со репрезентацијата на Португалија ЕП, а ги победи Герет Бејл и Антоан Гризман.