Роналдо е тоа – Ги разби сите прогнози


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Реал почна да тренира пред да предвидат докторите.

Тоа е Кристијано Роналдо! Способен не само да дава (или) да мести погодоци, туку и да се врати на терен дупло побрзо од предвиденото.

Португалецот го одработи првиот тренинг оваа сезона во опремата на Реал Мадрид, еден месец подоцна од повредата на коленото добиена во финалето на ЕП против Франција. Докторите на Реал и португалската репрезентација мислеа дека ќе му биде потребно околу два месеци за да се опорави. Роналдо ги разби сите прогнози и денес излезе на терен.

Кристијано работеше заедно со клупскиот колега Пепе кој исто така се опоравува од повреда. За разлика од нив, на терен не излегоа Тони Крос и младиот норвежанец, Мартин Одегард бидејќи првите тренинзи ги работеа втеретана.

Нив на тренинг центарот Валдедебас ги пречека Зинедин Зидан, само неколку часа по враќањето од Трондхајм каде во кралскиот клуб во вторникот го освои суперкупот на Европа.

Во овој момент тешко е да се прогнозира дали Кристијано Роналдо ќе заигра на почетокот на Ла Лига, 21-ви август против Сосиедад на Аноета или за прв пат дресот на Реал ќе го облече оваа сезона седум дена подоцна, против Селта Виго на Сантијаго Бернабе.