Роналдо ги изненади сите: Многу ми е тешко кога го гледам Лео во солзи!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, после поразот во финалето на Копа Америка одлучи да ја заврши репрезентативната кариера.

Одличниот фудбалер на Барселона очигледно го погоди тоа што по четврти пат во низа беше поразен финалињата.
Најдобриот стрелец во историјата на “Гаучосите” беше еден од трагичарите против Чиле бидејќи промаши пенал.

Со Барселона освои апсолутно се, има и пет Златни топки, но не и трофеј со Аргентина иако тоа му беше голема желба.
Кристијано Роналдо, неговиот голем ривал од теренот, вечерва со Португалија ќе брка полуфинале на Европското првенство, а пред тој натпревар фудбалерот на Реал Мадрис зборуваше за одлуката на Меси.

“Меси донесе тешка одлука, но луѓето мораат да разберат и да ја прифатат. Она што доведе до таква одлука е што Лео не е навикнат на порази и разочарувања, не е навикнат да биде втор. Од друга страна, ако промашите пенал, тоа вас не ве прави лош играч, но многу ми е тешко кога го гледам Лео во солзи.. Исто така се надевам дека ќе се врати бидејќи потребен и е на репрезентацијата и на соиграчите”– изјави Роналдо.

Оваа изјава на Роналдо е само уште еден доказ дека двајцата најдобри фудбалери во овој момент секогаш имале почит еден кон друг.