Роналдо потрошил вистинско богатство: Георгиона добила скапоцени подароци, не е само прстенот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Кристијано Роналдо реши да ја одбележи свршувачката со неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез со богати подароци чијашто вредност надминува 270.000 евра, меѓу кои се наоѓаат Porsche и ексклузивни чанти.

По девет години врска, Португалецот ѝ го понуди бракот на Георгина, дарувајќи ѝ прстен украсен со дијаманти кој вреди милиони евра.

Но, Роналдо не застанал тука. Според британскиот таблоид The Sun, фудбалската ѕвезда ѝ купи на својата свршеничка Porsche Taycan во бела боја за сума поголема од 80.000 евра, како и многу други брендови дизајнирани од Christian Dior и Louis Vuitton.

Посебно внимание привлекоа чантите и облеката со дизајнерски потпис чии вредности преминуваат 30.000 евра.

Без да штеди на средства, Роналдо ја изненади Георгина со подароци чија целокупна цена надминува четвртина милион евра. Покрај облеката, чантите и автомобилот, Португалецот ја покажа својата љубов преку неколку дизајнерски часовници кои заедно чинат 95.000 евра.