Руни го изнесе своето мислење за Мурињо и Ибрахимовиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најзвучното засилување на Манчестер Јунајтед во досегашниот преоден рок е Златан Ибрахимовиќ. Полн со пофалби на сметка на Швеѓанецот беше капитенот Вејн Руни.

„Што се однесува до Ихрахимовиќ морам да нагласам дека неговото исклучително работење е навика. Веќа сега нас на тренинзите ни дава упатства како подобро да соработуваме така да секој играч може да го најдоброто од себе. Тој е еден од најдобрите играчи на светот, силна личност и се гледа дека има значајна улога во екипата“, рече Руни.

Освен Ибрахимовиќ, Руни го пофали и Жозе Мурињо.

„Со доаѓањето на Жозе Мурињо играчите чувствуваат дека тој е стариот Манчестер Јунајтед кој може да конкурира за титулата шампион на Англија“, рече Руни за британските медиуми.