Руни: Се повлекувам од репрезентацијата после СП 2018


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Јунајтед, и со новиот тренер на Англија е повторно избран за капитен на репрезентацијата, но тој изјави дека после СП 2018 во Русија тој ќе се повлече од играњето фудбал за репрезентацијата на Англија.

„Прав момент за повлекување ќе е после СП. Дебитирав на 17 години, кога ќе заврши СП ќе имам 32, тоа значи 15 одлично поминати години носејќи го дресот на својата земја. Време е за разделба“ – вели Руни.

„Секако одлуката е и на Сем, но и да биде мојата кариера завршена тоа ќе го направам како горд човек“ – додаде Вејн Руни за крај.

Руни досега за репрзентацијаата одигра 115 натпревари и постигна 53 голови.