Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Одбранбениот играч на Арсенал од Лондон, Вилијам Салиба, не можеше да учествува во изведувањето на пеналите во вчерашниот натпревар од купот на ФА против Манчестер Јунајтед.
Според правилата на ФА Купот, двете екипи мораат да имаат еднаков број изведувачи на пенали за време на пенал-рулетот, а со оглед на тоа што Диого Дало доби црвен картон, Црвените ѓаволи играа со десет играчи до крајот на натпреварот, па Арсенал мораше да избере еден играч што нема да учествува во пеналите.
Изборот падна на францускиот репрезентативец, иако можеа да изберат било кој од фудбалерите што останаа на теренот, вклучувајќи го и голманот Давид Раја.
Шпанецот е доста вешт во играта со нога, што е потребно во модерниот фудбал, па беше заклучено дека е подобра опција од Салиба за изведба на пенали.
Инаку, Манчестер Јунајтед се пласира понатаму по подоброто изведување на пеналите, а единствениот пенал го промаши Каи Хаверц.