Сè е против Синер – нов удар за Италијанецот!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Сè се сврте против Јаник Синер од моментот кога доби суспензија поради допинг.

Сега ситуацијата уште повеќе се комплицира, па така по одлуката дека нема да биде меѓу кандидатите на Академијата Лауреус за најдобар спортист на годината, сега имаше проблеми во Монте Карло.

Синер веќе подолг период живее во овој град, каде доживеа „студен туш“, бидејќи сопствениците на Кантри клубот во Монте Карло му забранија да тренира на нивните терени.

„Монте Карло Кантри клуб е поврзан и со Француската тениска федерација и со Федерацијата на Монако. Тој е приватен клуб, но тоа не значи дека е ослободен од своите обврски. Ние припаѓаме на Федерацијата Монако бидејќи сме клуб на Кнежевството. Од друга страна, клуб од вакви димензии не би можел да биде изграден само на територијата на Монако, туку и на француската бидејќи е лоциран и на француската територија Рокбрин Кап Мартан“, стои во објаснувањето на управата на клубот.

Синер така ќе мора да побара ново решение каде ќе може да ја развива својата форма за следните турнири.

Италијанецот планираше за време на Мастерсот во Монте Карло да тренира во Марбеља, и така да се подготвува за неговиот прв следен турнир по завршувањето на казната, а тоа е во Рим седми мај.