„Се надеваме дека се добро ќе оди со Монтела“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Винченцо Монтела е нов тренер на Милан, а извршниот директор на Росонерите, Адријано Галијани рече дека неговото именување е она што требаше на Милан.

Поранешниот тренер на Фиорентина има задача да ја обнови екипата, после разочарувачката мината сезона.

„Повторно почнуваме со доаѓањето на Монтела. Сите сме задоволни, веруваме дека сме направиле добар избор. Се надеваме дека се добро ќе оди“, заклучи директорот на Росонерите, Галијани.