„Се плашите? Останете дома и гледајте ја Бундеслигата на ТВ!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо со нетрпение очекува враќање на фудбалот, иако некои од неговите колеги се спротивставуваат на идејата.

Мурињо, наводно, ги критикувал Пеп Гвардиола и Френк Лампард на видео конференцијата во Премиер Лигата, откако двајцата се залагаа да почекаат за одлука за продолжување на првенството.

„Ако сте толку загрижени кога ќе се вратите на натпревари, останете дома и гледајте ги натпреварите во Бундеслигата на ТВ!“, им рекол Мурињо.

Германците ќе започнат овој викенд, додека Англичаните треба да се вратат во јуни, а не пред 12-ти во месецот.

„Очајно чекам Премиер лигата да продолжи што е можно поскоро, особено кога гледам дека продолжуваат другите првенства“, рече Мурињо.

Девет кола пред крајот неговиот Тотенхем се седум бода зад Челси, кои во моментов се четврти и засега последен патник за Лигата на шампионите од Премиер лигата. Моу е убеден дека на крајот ќе го престигне поранешниот клуб и ќе игра Лигата на шампиони со Спарси.