Се појавија фотографии од sвездата на Астон Вила како го напушта местото на сообраќајна несреќа (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полицијата започна истрага во Англија, откако се појавија фотографии од sвездата на Астон Вила, Џек Грилиш, кој го напуштил местото на сообраќајната несреќа.

Поточно, на сликите се гледа како неговиот Ренџ Ровер се удира во паркиран автомобил и фудбалер кој го напушта местото.

Помалку од 24 часа по инцидентот, Грилиш објави видео со кое бара сите да останат во своите домови, а се чинеше дека тој самиот не го почитувал правилото.

Целиот случај се уште е под истрага и полицијата не сакаше да каже никакви детали за лицето што го сторило ова.

Астон Вила исто така одби да коментира за сè што е поврзано со ситуацијата и останува да се види дали Грелиш ја направил оваа несреќа.