Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ова лето, екипата на Барселона ќе се обиде да потроши што е можно помалку пари, но и да донесе најквалитетни засилувања.
Каталонскиот гигант има сериозни економски проблеми поради пандемијата на коронавирус, па наместо да купуваат играчи, решија да дојдат до одредени имиња преку размена.
Главните мета на тимот од Ноу Камп се напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез и играчот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ, а управата на каталонскиот клуб прави се за да ги донесе во своите редови.
Седум играчи ќе бидат искористени ова лето во потенцијални замени. Нивните имиња ги откри весникот Спорт, а тоа се Нелсон Семедо, Самуел Умтити, Иван Ракитиќ, Артуро Видал, Жуниор Фирпо, Карлес Алена и Рафиња.
Сите сеотпишани на Ноу Камп. Ќе биде вистинско чудо ако некој од нив се најде во дресот на овој тим следната сезона, и ќе видиме какви играчи Барселона ќе може да донесе во замена за нив.
Главни цели се Пјаниќ и Лаутаро, но прашање е дали ќе дојдат со понудените имиња.