Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон откри во разговор за BBC зошто Рајан Гигс после 29 години го напушти Манчестер Јунајтед.
Велшанецот после завршување на играчката кариера работеше како помошен тренер на Дејвид Мојс и Луј Ван Гал.
Со доаѓањето на Жозе Мурињо се одлучи да го напушти Театарот на соништата.
„Тој е свој човек. Доде време да застане на сопствени нозе и да прифати предизвик“, рече Фергусон.
Гигс така после 29 години го напушти Јунајтед, а англиските медиуми шпекулираат дека ќе го превземе Нотинген Форест.