Серихо Рамос организираше вечера, на истата не се појавија тројца играчи на Реал


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во средата во центарот на Мадрид играчите и стручниот штаб на Реал имале заедничка вечера.

Во познатиот ресторан Asadoru Donostiarri вечерата ја организирал Серхио Рамос, кој сакал на овој начин да ги мотивира сите во клубот на седум кола пред крајот.

На споменатата вечера биле сите освен Карим Бензема, Кејлор Навас и Герет Бејл кој од некои причини го пропуштиле дружењето.

Бејл у Навас и во јануари го пропуштија заедничкото дружење. Навас тогаш стана татко и сакал да остане со сопругата, додека Велшанецот одбил да оде на вечера, бидејќи како што во една прилика му рекол на Куртоа, оди рано на спиење.

Во четвртокот тимот имал слободен ден, а денес (петок) од 11 часот се на тренинг. Кралевите во понеделник имаат натпревар против Леганес.

Реал моментално е третопласиран со 60 бодови, додека водечката Барса има дури 13 бодови повеќе. Лошата сезона Реал ја „круниса“ со излегување од Ајакс од 1/8 финалето од ЛШ.