Севиља потврди дека Чилеанец ќе го смени Емери


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Севиља соопшти дека Хорхе Сампаоли ќе биде нов тренер и ќе потпише 2-годишен договор.

Сампаоли на клупата на Андалужаните ќе го смени Унаи Емери.

„Севиља смета на најдобриот тренер на Америка во 2015-та година кој ја почнува својата прва авантура во Европа“, соопштија од клубот.

Сампаоли пред Севиља беше селектор на репрезентацијата на Чиле со кој ја освои Копа Америка минатата година.