Сезоната заврши за стоперот на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се испоставија црните претпоствки на медицинските лица во Манчестер Јунајдет дека Ерик Бејли би можел да го пропушти остатокот од сезоната.

Ваков исход предвиде и стратегот на Црвените Ѓаволи, Солскер кој рече дека сезоната за Бејли веројатно е завршена и дека нема да настапи во последните два лигашки натпревари.

„Ќе отиде на преглед, мислам дека не е најлошата повреда на колено што може да се добие, но мислам дека нема да го видиме пред почетокот од новата сезона“, изјави тој.

Неговата повреда дојде во најлош можен момент, бидејќи Јунајтед е во голема трка за место во ЛШ.

Среќа што последните две кола Јунајтед игра со тимови кои најверојатно ќе испаднат од Премиер лигата, Хадерсфилд, а од наредното коло тоа би можело да биде и Кардиф.