Шампионите изгубија на стартот на новата сезона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нешто неочекувано во стартот на новата сезона на Премиер Лигата, тимот на Раниери, актуелните англиски шампиони се сопнаа против веќе отпишаниот тим на Хал Сити.

Интересен старт на новата сезона, Лестер Сити беше поразен со 2:1 на гостувањето кај Хал Сити.

После неколку испуштени шанси од страна на Лестер во судиското надополнување на првото полувреме Диоманде постигна гол за водство на Хал Сити од 1:0 што беше и резултат на првото полувреме.

Веднаш во второто полувреме беше досуден контроверзен пенал за Лестер кој веројатно беше грешка на судијата бидејќи фаулот беше надвор од шеснаесетникот. Лестер израмни со голот на Марез. Само 10 минути резултатот беше изендачен, Снодграс постигна фантастичен погодок за повторно водство на Хал од 2:1 со што го постави и конечниот резултат на натпреварот.

Ова е изненадување на стартот, бидејќи актуелниот шампион во најсилната лига на островот и пошироко е поразен на самиот старт на сезоната, од тим кој е веќе отпишан од Премиер Лигата и најголем кандидат за испаѓање.