Шејн Ларкин останува во Ефес до 2022. година


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Турскиот шампион Анадолу Ефес е веројатно најдобриот тим во Евролигата до паузата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Во одличниот тим на тренерот Ергин Атаман, покрај неколку одлични поединци, најдобра кошарка покажуваше фантастичниот Шејн Ларкин, кој ги полни кошевите цела сезона на противниците низ Евролигата, како и на Турското првенство.

Изгледа навивачите на овој клуб не треба да се грижат за иднината на Ларкин во синиот дрес на Ефес. Според добро информираната грчка СДНА, управата на турскиот шампион веќе се согласи да го продолжи договорот со првата ѕвезда. Ларкин треба да остане во клубот до најмалку 2022. година со плата од 7,7 милиони долари во текот на следните две сезони.

Ларкин исто така неодамна доби турски пасош и се стави на располагање на турската репрезентација.