Шкупи се засили со африкански напаѓач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прволигашот Шкупи се засили со напаѓач кој порано играл во грчки Ерготелис и бил дел од младинскиот тим на Шефилд.

Новото име во чаирскиот клуб е Калил Мустафа Ламбин кој има 24 години, а е од Брегот на Слоновата Коска.

Последен клуб на овој африкански фудбалер беше Патро Еисден, белгискиот третолигаш, а од таму стигна во Чаир. Според Македонски Спорт се работи за брз фудбалер кој ќе му помогне многу во нападот на Шкупи.

Има играно и за младинските селекции на Брегот на Слоновата Коска.