Што пишува во договорот на Хесе и ПСЖ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една клаузула важи, за другата Реал не успеа да се избори.

Хесе Родригез и Пари Сен Жермен. Готова работа. Како што и е најавено, шпанскиот крилен напаѓач ќе потпише четиригодишен договор со францускиот шампион, но освен фактот дека зделката е вредна 25 милиони евра, колку што не има оштета ќе добие Реал, интересно е и што содржи договорот меѓу двете страни.

Кралскиот клуб инсистираше на две клаузули. На крајот се избори за една. Тоа подразбира дека Хесе од ПСЖ не може да биде продаден во – Реал Мадрид.

Таканаречената анти- Барса клаузула е начин за актуелниот шампион на Европа да се заштити од тоа за играчот кој бил од тимот на Рерал да заврши во најголемиот ривал, па следејќи ги примерите на Месут Озил и Анхел Ди Марија, со челниците на Светците е договорен истиот модел на соработка како со Арсенал во 2013 година и Манчестер Јунајтед во 2014 година, соевремето истотака со обврска да не смеат Германецот и Аргентинецот да не го продаваат на Ноу Камп.

Реал во договорот сакаше да стави и таканаречена повратна клаузула. Исто таква која ја имаше со Јувентус по прашањето со Алваро Мората.

Ако Хесе се докаже на Паркот на Принцевите и голови и го привлече вниманието на Зинедин Зидан може да се врати на Сантијаго Бернабе по одредена цена.

Пари Сен Жермен на тоа не прифати, со едноставна причина што таков вид на договор не признава Фудбалскиот сојузна Франција.