Што се спрема во Баерн: Ковач доби јасен ултиматум!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во сабота во Минен ќе се одигра големото дерби од 28. коло во Бундеслигата помеѓу Баерн и Дортмунд.

Баварците со добрите игри во последниот период дојдоа до само еден бод разлика од Борусија и не очекува вистински спектакл.

Саботниот натпревар ќе биде вистински испит за Нико Ковач, веројатно најважен во досегашната кариера. Предноста на Борусија изнесува два бода и во Баерн веруваат дека со победа можат да дојдат до лидерската позиција и до нова титула првак.

Се споменува дека Ковач секако ќе остане без работа на крајот од сезоната, а Ули Хенес беше јасен пред овој меч.

„Нема изговори околу ова. Мораме да победиме“, изјави Хенес и така му постави ултиматум на Ковач.