Швајни знае каде ако го напушти Јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се почесто се зборува дека Бастијан Швајнштајгер нема место во Манчестер Јунајтед, најверојатно ќе го напушти клубот.

Бастијан Швајштајгер многу лесно може да го напушти Манчестер Јунајтед во ова лето бидејќи Жозе Мурињо не е заинтересиран да го види во првите 11.

Искусниот поранешен репрезентативец на Германија (пред неколку дена објави дека ја напушта репрезентацијата) има одврзани раце да пронајде нов клуб, а тоа може да биде и Баерн Минхен.

Швајни во неделата наполни 32 години, а покрај тоа Румениге, спортскиот директор на Баерн, рече дека може да разговара за враќање во клубот од Баварија.

„Ако некогаш изрази желба да се врати, можеме да разговараме за тоа“, рече Румениге, пренесува Скај Спорт.

И некогашниот капитен на Баерн и репрезентацијата на Германија, Оливер Кан, рече дека Бастијан не требаше да се повлече и дека и понатака можеше да биде предводник на голем тим.

„Сигурен сум дека тој со своето искуство доста добри работи може да донесе на секоја екипа. Сеуште може да биде лидер на голем тим, и понатака е толку млад и силен за да се повлече“, рече Оливер Кан.

Покрај него, за неговото евентуално враќање во Баерн од Минхен зборуваше и Филип Лам кој истакна дека би сакал Бастијан да се врати и дека за него мора да има место во Баерн бидејќи тој со своите игри дефинитивно ќе ја задолжи оваа екипа.