Силекс не издржа да си дојде дома со 1 негатива – Грипо во 95-та минута го однесе Вадуз со една нога понатаму


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во првиот натпревар кој Силекс во квалификациите во ЛЕ на гостински терен доживеа пораз од 3:1 од Вадуз.

Лихтенштајнскиот клуб беше подобар во натпреварот и на крајот славеше со 2 погодоци предност.

Костанцо во 36-та минута прво ја затресе мрежата на Вујанац, а потоа истиот фудбалер во судиското продолжение од првото полувреме ја зголеми предноста на Вадуз. Клубот од Лихтенштајн имаше два погодоци предност се до 86-та минута кога Мицков постигна погодок за намалување на 2:1, а Грипо во 95-та минута погоди за конечни 3:1.

Следниот натпревар Силекс го игра на домашен терен на 07.07.