Симеоне нудеше сензационална трампа, Реал одби!

Реал силно го сака младиот „Јорганџија“, но не по секоја цена!

„Ел Ларкеро“ тврди дека во текот на денешниот ден Реал одби понуда од Атлетико.

Симеона очајнички сака напаѓач, и понатака прва мета е Диего Коста, но Челси не сака да се откаже од Бразилецот.
Икарди истотака е мета, но Јорганџиите денеска прифатија да го пуштат одличниот стопер Хименез во Реал, ако за возврат го добијат Алваро Мората.
Уругваецот е голема желба на Реал, се зборува дека го гледаат како стопер за иднината и дека се спремни да понудат 60 милиони евра на комшијата, но Мората нема да го менуваат.
Зошто и да го трампаат, кога наводно имаат понуда од Челси од 75 милиони, но поблиску е до тоа за младиот напаѓач после враќањето од Јувентус да се задржи во Мадрид.

Што ќе направи Атлетико?

И понатака ги разгледуваат опциите, освен Икарди се зборува повторно за Икарди, Де Лаурентис изјави дека Симеоне му нудеше 60 милиони и два или три играчи за да го пушти Пипита.

Дали е тоа само желба за да ги натера Јувентус да ја платат клаузулата, останува да видиме што ќе се случи.

Се споменува и Гамеиро, но Севиља од Барселона бараше 40 милиони евра за 29-годишниот Французин, а сигурно дека Атлетико нема да добие попуст, без оглед на добрите односи меѓу двата клуба.