Синоќа во Србија се одигра еден од најлудите натпревари во европските натпреварувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Србинот Бачка Топола и романскиот ФЦСБ, поранешна Стеауа, синоќа одиграа нешто неверојатен натпревар во рамките на 2. квалификациско коло од Лига Европа.

Верувале или не, заврши 6:6, а гостите славеа со подобро изведување на пеналите и продолжија понатаму.

По 14. минута домашните поведоа со 2-0 со головите на Милишевиќ и Дуроњиќ, а гостите се вратија во игра до крајот на првото полувреме со голот на Коман. Непосредно пред крајот на првото полувреме, Бачка Топола остана без Поњевиќ, кој доби црвен картон, па работата им беше отежната.

Во продолжение паднаа пет гола. Антониќ и Томановиќ погодија за домашниот тим, а за гостите двапати Ман, и автоголот на Блаж, за 4:4. Заминаа во продолженијата. Само што започнаа падна црвениот картон за Силаџи , па домашните играа со девет играчи. Стеауа го искористи тоа за 4:5, но Тумбашевиќ брзо врати на 5:5. Петра погоди во 108-та минута за 5:6, но Томановиќ ги постави неверојатните 6:6 на три минути пред крајот на продолжението.

Шлаг на тортата беа пеналите. Бањац промаши за домашните, сите други во двата тима постигнаа гол и Романците поминаа понатаму.

Врз основа на прикажаното, домашниот тим заслужи пласман понатаму, но фудбалот честопати е многу суров.