Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фитнес тренерот на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники, е позитивен за коронавирусот.
Сега тоа е официјално потврдено, а вкупно се тестирани 22 лица.
Три се позитивни. Тоа се Борна Ќориќ, тренерот на Григор Димитров, Кристијан Грох и тренерот на Ѓоковиќ, Паника.
Оваа информација ја потврди организацијата Адрија Тур, а споменатото трио ќе изврши нов тест за пет дена.
Меѓу тестираните се Ѓорѓе Ѓоковиќ, Горан Ѓоковиќ, Милјан Амановиќ и Горан Иванишевиќ. Сите тие се негативни на Ковид-19.
Новак Ѓоковиќ не сакаше да биде тестиран во Задар, па отпатува за Белград каде ќе биде тестиран. Информациите за неговиот тест сега се очекуваат.