Сите играчи на Арсенал синоќа завршија во изолација!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварот во Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Арсенал нема да се одигра денес бидејќи е одложен доцна синоќа.

Откако претседателот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, вчера објави дека е заразен со коронавирус, вечерашниот натпревар на „Етихад“ беше откажан и играчите се ставени во карантин.

Одлуката за одложување на натпреварот е донесена за мерки на претпазливост бидејќи фудбалерите на Арсенал и персоналот на клубот дојдоа во контакт со Маријанакис за време на натпреварот од 1/16 Лига Европа на 27. февруари, соопшти лондонскиот клуб.

Ризикот од играч на Арсенал да биде заразен е многу мал, но според упатствата на британската влада, секој што имал контакт со кој било од заразените, треба да биде изолиран во период од 14 дена.

„Играчите ќе останат дома додека не истече периодот од 14 дена. Четворицата вработени во Арсенал кои седеле во близина на Маријанакис за време на натпреварот, исто така, ќе останат дома“.

Организаторите на Премиер лигата рекоа дека немаат друга алтернатива освен да го одложат мечот и дека засега не постои опасност да се одложат сите други натпревари.