Сити едвај победи против Сандарленд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се комплетираше првата фудбалска сабота во новата премиер лигашка сезона.

Последниот натпревар се играше во Манчестер, на Етиханд каде „милионите„ на Сити на свој терен го пречекаа составот на Дејвид Мојс со Сандарленд.

Едвај Манчестер Сити извади три бода против Сандарленд. Заводија уште рано рано, со гол од пенал во 4тата минута кога сигурен од белата точка беше Агуеро. Тоа беше единствениот гол во првите 45 минути од натпреварот.

Сити напаѓаа, напаѓаа и гостите кои во 71вата минута израмнија. Дефо стрелаше за изедначување на натпреварот. И веќе кога натпреварот беше се поблизу и поблизу до крајот, Навас испрати добра топка која го закачи играчот на Сандарленд Мекнеир и им донесе три бода на сините од Манчестер.

Со овој натпревар се комплетираше и фудбалската сабота во ПЛ, остануваат уште Манчестер Јунајтед против Бурнмут, Ливерпул и Арсенал за утре, и Челси против Вест Хем во понеделник.