Сити ги претстави новите дресови, но многумина мислат дека тоа е дресот на Борусија Дортмунд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити утрово на официјалната страница ја претстави гостинската гарнитура на дресови за новата сезона.

Граѓаните во финишот од минатата сезона го претставија новиот дрес со кој ќе ги играат поголем дел од натпреварите, а сега дојде ред и на гостинската гарнитура.

Дресовите ги припреми Пума која инаку е нов спонзор на овој клуб, но многумина искоментираа дека овој дрес ги потсетува на дизајнот на дресовите на Борусија Дортмунд.

Но, како и да е мора да се признае дека дресовите изгледаат феноменално.